ЕУ ги продолжи санкциите за Русија поради анексијата на Крим

од desk2

Европската унија за една година ги продолжи санкциите кон Русија поради анексија на украинскиот полуостров Крим од 2014 година.


Министерството за надворешни работи на ЕУ соопшти во понеделник дека овој блок „останува посветен на потполна имплементација на својата политика на непризнавање“ на руското заземање на крим и градот Севастопол, пренесе AP.

Санкциите се продолжени до 23 јуни 2018 година, а се однесуваат на граѓаните на ЕУ и на компаниите.
Со воведените санкции се забранува увоз на производи од Крим и Севастопол, се блокираат сите европски инвестиции или купување недвижносто и се забранува запирање на крузери на тоја подрачје.

Исто така, забранет е извоз на некои стоки и технологија кои би можеле да се користат за превоз, телекомуникации или во енергетскиот секотр, посебно во истражувањето ископ на нафта, гас и минерали.

Слични содржини