Украинските очекувања за брзо приближување кон ЕУ се претерани, но пак и ЕУ не смеат да ја одбива земјата со лесна рака. Најважно е да се најде правилен баланс, тврди Кристоф Хаселбах.

0,,5950230_303,00

ЕУ се соочува со дилема во пристапот кон Украина. Од една страна таа сака да ја прилепи кон себе, но од друга – Киев би требало долгорочно да ги реши проблемите со Русија. Водењето на тежок антируски курс би било погрешно. Истовремено ЕУ бара од Киев да одржи политички и економски реформи како предуслов за приближување на земјата со заедницата.

Тоа е и условот за понатамошна финансиска поддршка. Корупцијата, како и досега, продолжува да биде сериозен проблем. Истото се однесува и за независноста на судството. Владата во Киев треба да ја покрене напред приватизацијата и дерегулацијата, да се консолидира банкарскиот сектор, а тоа само по себе не е детска игра.

Украина е заглавено во долгови, кои продолжуваат да се зголемуваат. Фактичката задолженост на Украина е малку над просекот за земјите од ЕУ, но е показател дека дури и тие земји се соочуваат со сериозни проблеми да ги намалат долговите, без при нив да се водат граѓански војни! Без мир и стабилност, сепак, Украина ќе се претвори во финансиска дупка без дно. Токму мирот и стабилноста се предуслови за инвестиции и економски развој.

Без единствена украинска држава?

Брисел е свесен дека Русија носи голем дел од одговорноста за постојаното нарушување на примирјето во источна Украина. Но и она што го прави украинската страна, кога зборува за “ослободување” на контролираните од сепаратистите области или за украинскиот како единствен официјален јазик во источна Украина, не придонесува за постигнување на помирување.

Ваквите изјави имаат свое внатрешнополитички оправдување, но не отвораат пат кон иднината. Во Украина нема да се помине без силна децентрализација на државата, како и без признавање на рускиот јазик како официјален во источните делови на земјата. Фактот дека ЕУ го замрзна Договорот за слободна трговија со Украина до 2016 година, треба да им овозможи на Киев и Москва да преговараат, па Москва да не се гледа повеќе во улогата на губитничка земја.
ЕУ се придржува до одреден степен со Москва, но не од слабост, туку во името на едно украинско-руско помирување што Украина задолжително треба да се постигне.

Надежите на Украинците и очекувањата на ЕУ

Многу Украинци во моментов се чувствуваат разочарани од ЕУ – не само по повод големата цел – пристапувањето кон ЕУ. Украинците се разочарани и од некои практични чекори по патот кон полноправно европско членство. Тие на пример сакаат укинување на визниот режим. Нивниот претседател ја изразува таа желба на секоја средба со своите европски колеги. Тие сепак не брзаат да се ангажираат. Брисел стравува од можни злоупотреби во овој поглед. Покрај тоа, ЕУ секогаш јасно кажал дека визниот режим ќе биде откажан, само ако бидат исполнети одредени цели. Бидејќи искуството од последните проширувања на ЕУ е доста индикативно.

Брзото пристапување на Романија и Бугарија, кои не беа спровеле доволно реформи, како и усвојувањето на Грција во еврозоната покажаа дека порано или подоцна кпогрешно е сфатена великодушноста,која се испостави како контрапродуктивна. Важно е да се најде вистинската рамнотежа: ако ЕУ бара премногу малку, си навлекуваат големи проблеми. Ако пак бара премногу, жнее само разочарувања. Во секој случај оваа проценка е тешка. А во случајот со заглавување во граѓанска војна во Украина, кој е одлучувачка за односите со Русија, оваа проценка е уште потешка.

Слични содржини