Recep Tayyip Erdogan

Излезноста од 86 проценти на вчерашните избори во Турција ја покажува моќта на демократијата во земјата, се наведува во заедничко соопштение на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Според Могерини и Хан фактот дека сите големи турски патии ќе бидат претставени во новиот состав на парламентот е особено важно, истовремено изразувајќи очекување да се запознаат со оценките на набљудувачката мисија на ОБСЕ.

Очекуваме брзо формирање на нов парламент и на нова влада, со цел потесно да соработуваме. Претстојниот период ќе биде можност за продлабочување на односите меѓу ЕУ и Турција, и за напредок во сферите на соработка, се наведува во соопштението на Могерини и Хан. /МИА

Слични содржини