Министрите за правда и за внатрешни работи на 28-те земји-членки на Европската унија, попладнево во Брисел одржаа вонреден состанок на Советот на Европската унија, а по повод завчерашните терористички напади во европската и белгиска престолнина, јави дописникот на МИА од Брисел. brisel-eu

Притоа, ЕУ-шефовите на полиции договорија десет итни мерки за борба против тероризмот, каде во кус рок се предвидува преземање на радикални чекори за сузбивање на терористичките мрежи и нивно разбивање со цел зачувување на мирот во Европа.

На почетокот во заедничкото сопоштение по денешнито вонреден состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи, се наведува дека министрите изразуваат шок од нападите во Брисел на 22 март 2016 година и дека тие се згрозени од овие ужасни терористички акти и истите најостро ги осудуваат. ЕУ-министрите им изразија најдлабоко сочувство на семејствата на жртвите на овие напади и изразија поддршка и солидарност со Белгија, со белгиските граѓани и со градот Брисел.

– Ние сме определени во нашата заедничка борба против тероризмот и ова е напад врз нашето отворено, демократско општество. Ние ќе се придржуваме до нашите вредности и во борбата против тероризмот. Денес слушнавме од белгиските власти како тие се соочуваат со оваа криза и разговаравме за она што може да се научи од повторливите терористички напади и нивната мрежна поддршка – наведуваат ЕУ-министрите во заедничкото соопштение.

Натаму, со цел подобрување на колективната способност за борба против тероризмот, министрите на земјите-членки на ЕУ за правда и внатрешни работи препорачаа неколку мерки:
1. Врз комбинација на националните напори да се испитаат како прашање на итност мрежите што се вклучени во нападите во Париз и во Брисел и други слични мрежи;
2. Да се усвои итно директивата за Одделение за информации за патниците (ПНР) во април 2016 година и истото итно да се имплементира со што ќе се обезбеди размена на податоци меѓу земјите-членки на Унијата за сите патници;
3. Брзо завршување на законодавството за борба против тероризмот, за систематски прегледи на надворешните граници на Шенген-зоната, контрола на набавувањето и поседувањето на огнено оружје, продолжување на Европскиот информативен систем за криминални досиеја (ЕКРИС) на државјани од трети земји. Исто така и спроведување на Акцискиот план за борба против финансирање на тероризмот и борба против фалсификувањето документи и целосна имплементација на постојните правила на ЕУ за експлозивни прекурсори. Понатамошна соработка во борбата против тероризмот меѓу Европската унија и Турција и земјите од Северна Африка, Блискиот Исток и земјите од Западен Балкан;
4. Размена на информации со транспортните власти и оператори, како што е соодветно, така што проценките на ризикот може да се спроведат на ефективен и ефикасен начин и мерките за ублажување може да се прилагодат како неопходни за потенцијалните закани за транспорт;
5. Итно зголемување на систематското хранење, доследна употреба и интероперабилност на европските и меѓународните бази на податоци во областите на безбедноста, патувањето и миграцијата, со целосна употреба на технолошкиот развој, вклучувајќи и мерки за заштита на приватноста од самиот почеток. Ова е особено важно за сигурна верификација на идентитетот. Во овој поглед, Европската комисија ќе ја претстави во наредните недели комуникацијата за паметни граници и интероперабилност. Во овој контекст, работата треба да се забрза за развој на европскиот систем за широко автоматско препознавање на отпечатоци интегрирани во Шенгенскиот информациски систем (СИС). Координаторот на ЕУ за борба против тероризмот, претседателството со ЕУ, Комисијата, релевантните агенции и експерти ќе ги здружат силите за да се претстават до јуни годинава повеќе конкретни резултати, особено за подобрување на собирање, проверка и поврзување на информации во областа на борбата против тероризмот;
6. Да се најде начини, како приоритетно прашање, да се обезбеди и да се добијат многу брзо и ефикасно дигитални докази, преку интензивирање на соработката со трети земји и со даватели на услуги кои се активни на европско тло, со цел да се подобри усогласеноста на ЕУ со земјите-членки во законодавство и директни контакти со органите на прогонот. На состанокот на Советот во јуни ќе се идентификуваат конкретни мерки за решавање на ова комплексно прашање;
7. Да продолжи да се развиваат ефективни превентивни мерки, особено преку подобрување на раното откривање на знаци на радикализација на локално ниво и за справување со реториката на ИСИС, особено преку комуникациски стратегии и развој на силни програми за рехабилитација. Мрежата за свеста од радикализација и Мрежата за стратешки комуникации дополнително ќе ја зајакне својата поддршка со практичари, граѓанското општество и земјите-членки во врска со ова. Еврокомисијата ќе ја интензивира работата со ИТ-компании, особено преку интернет-форум на ЕУ, за да се спречи терористичка пропаганда и да се развие до јуни оваа година кодекс на однесување против говорот на омраза на интернет;
8. Целосно се поддржува работата на Групата за борба против тероризмот (ЦТГ), особено преку понатамошно забрзување на основање на посебна платформа за реално време и мултилатерална размена на информации;
9. Ќе се користат редовно заеднички истражни тимови што ја имаат докажано својата корисност по нападите во Париз и истите да ги координираат истрагите и да се собираат и разменуваат докази;
10. Ќе се формира заеднички тим за врски на експерти за национална борба против тероризмот во Европскиот против-терористички центар на Европол (ЕЦТЦ) за поддршка за спроведување на законот на земјите-членки во истрагата на пошироки европски и меѓународни димензии на тековната терористичка закана, при што земјите-членки се поканети на да ги поддржат експертите. Овој тим ќе се подготви за спроведување на законот за способности на Европол за следење на заканата од странските борци, тековите на финансирање на тероризмот и нелегалното оружје, како и за онлајн пропаганда.

Слични содржини