Европската унија ја разгледува можноста за создавање на нов вид центри за прифаќање на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, како во земјите од ЕУ, така и во балканските држави, кои не се дел од ЕУ. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

“Одлучивме да почнеме расправа за концепт кој може да работи на балканскиот пат – т.н.” Центри за обработка “.

download (5)

Ова е засега концепт, кој ќе треба да се разгледа и анализира.

Овие центри ќе можат да прифатат мигрантите по нивниот пат. Таму тие ќе можат да ја почнат процедурата за барање на азил или по потреба ќе бидат екстрадирани. Идејата е да се забави бранот на мигранти во случај на масовен прилив, со кој ние се соочуваме во моментов, а исто така да се контролира бројот на мигрантите и да се провери нивниот идентитет “, изјави Аселборн по вонредната седница на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ.

Овие центри ќе бидат создадени како во рамките на ЕУ, така и надвор од нејзините граници.

Европејци се за Криволак да го прават камп за мигранти- Се согласува ли Македонија?

“Кога зборувам за земјите надвор од ЕУ, ги имам предвид балканските земји, а не Турција”, рече министерот за надворешни работи на Луксембург.

Според него треба да се испита правната страна на прашањето, за да се обезбеди можноста за пренесување на луѓе од овие премини во други земји.

“Јасно е дека центрите за обработување нема да се создаваат во земјите каде постојат” жешки точки “- Италија и Грција “, истакна Аселборн.

Центри за прием на мигранти во ЕУ веќе постојат во Грција и Италија. Таму се обработуваат барањата за азил на мигрантитите, кои потоа се пренасочени во други земји членки на ЕУ, додека се обработат нивните молби.

Слични содржини