ЕУ треба да се подготви за џихадистите од Мосул, вели еврокомесарот за безбедност

од Vladimir Zorba

82349740_138884468

Европската Унија треба да биде подготвена за џихадистите повратници доколку Исламска држава биде истерана од своето упориште – градот Мосул во Ирак, предупредува еврокомесарот за безбедност на ЕУ, Џулијан Кинг, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, пренесува „Би-би-си“.

Според Кинг, дури и мал број на милитанти повратници би претставувал сериозна закана, поради што Унијата мора да биде подготвена.

Ирачките сили вчера почнаа офанзива во Мосул, каде се проценува дека се останати околу 5.000 борци на ИД.

Инаку, според дипломатот Џилијан Кинг, кој неодамна беше назначен за еврокомесар за безбедност, во борбените зони под контрола на Исламска држава во моментов има околу 2.500 борци со потекло од земји-членки на ЕУ.

Сепак, „многу малку е веројанто дека ќе има масовен егзодус на борци на ИД во Европа“, вели еврокомесарот, додавајќи дека слични случаи од минатот покажуваат дека „само мал број џихадисти се враќаат назад“.

„Не велам дека со тоа ризикот е намален. Дури и мал број на повратници претставува закана“, изјавил за Кинг за Ди Велт, пренесува „Би-би-си“./Mета

Слични содржини