Еуросупер 95 и дизелот со непроменета цена, половина денар поевтинува Еуросупер 98

од Vladimir Zorba

benzinska-pumpa

 

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,47%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 05.09.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.09.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1НС се намалува за 0,213 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.09.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,795 ден/кг.

Слични содржини