Ева Мендес со нова фото сесија ја потопи конкуренцијата – го покажа своето преубаво и женствено тело

од desk2

Актерката објави нова колекција на облека

По некое медиумско затишје во изминативе месеци, Ева Мендес се појави во центарот на вниманието со својата нова колекција облека, на која таа е и дизајнер и модел.

Ева, која е мајка на две деца, се чини повеќе од неверојатно во фотосесијата на новата колекција. Партнерката на Рајан Гослинг е зачудувачки со облеката, која е во ретро стил шик.
Колекцијата пролет-лето на модната компанија New York & Co. сосема тематски е поврзана за “Градината на Ева” (Garden of Eva).

Во фотосесијата Ева позира со прекрасни модели токму во убава цветна градина. Фустаните во колекцијата се исклучително женствени, со нагласена половина, должини до под колена или до глуждовите. Покрај облека, колекцијата нуди и чевли, чанти, накит.

Новата линија содржи над 100 различни производи.

Цените на облеката и додатоците исто се разумни, најскапиот модел е 130 долари.

Фризурите на Ева се или на нежни бранови, или пак со елегантна коњска опашка.

Видете ги кадрите од  новата фото сесијата на Ева Мендес.

 

Слични содржини