Eва Мендез со своја модна колекција

од Vladimir Zorba

Ева Мендес изгледаше доста оригинално во сината тоалета на бели точки, со која се појави на претставувањето на новата модна линија.

44-годишната Латино Дива моментално ја промовира колекцијата на Ева Мендес за модната марка New York & Company.

За време на настанот, кој се одржа на 18 март, партнерката на Рајан Гослинг изјави дека самата таа им овозможува на своите ќерки Есмералда (3) и Амадо (1) да носат што сакаат.

Ева изјави  за Е! Њус: “Им дозволувам да носат што сакаат. Тие го имаат ова право. Ако сакаат, можат да одат облечени во карневалски носии цел ден. Претпочитам да им дозволам  да победат во оваа битка, но да ги натерам да јадат брокула. Ова е битката што сакам да ја освојам. ”

Што се однесува до колекцијата на кубанската ѕвезда, таа е претежно направена од романтични, секси фустани, здолништа и маички со графички дизајни. Облеката ја опишува како “случајна, но шик, лесна за носење, универзална”.

Погледнете фотографии од модната линија Ева Мендес во нашата галерија!

Слични содржини