Евакуиран аеродромот во Берлин поради сомнителен багаж

од Vladimir Zorba

На берлинскиот аеродром Тегел евакуирани биле патниците, а полицијата морала да интервенира поради сомнителен багаж.

Портпаролот на германската полиција потоа изјави дека сомнителниот багаж, кој е пронајден на аеродромот, е безопасен.

Германската полиција претходно соопшти дека истражува сомнителен багаж на аеродромот. Летовите од и кон аеродромот Тегел на кратко беа прекинати, откако полицијата го евакуирала терминот Б за да го истражи сомнителниот багаж.

Околу 20 минути подоцна, операторот и федералната полиција објавиле дека летовите можат да продолжат.

Слични содржини