Евакуиран францускиот остров Мон Сен Мишел

од Vladimir Zorba

Островот во Ламанш, Мон Сен Мишел, денеска е евакуиран поради закана кон полицијата од страна на непознат маж, соопштија француските власти.

Сопственик на еден локален угостителски објект го слушнал мажот како се заканува откако влегол во локалот околу 05:30 часот утрово. Тој наводно рекол дека ќе убие полицајци и веднаш побегнал.

– Од безбедносни причини и со цел да се отстранат сомнежите, бидејќи не ја знаеме неговата цел, одлучивме да го евакуираме островот, изјави префектот на дистриктот Жан Марк Сабат.

Мон Сен Мишел, кој е опкружен со вода кога има плима, привлекува над еден милион туристи годишно. Тој е еден од најголемите француски атракции надвор од Париз. Островот, чија површина изнесува 55.000 метри квадратни, е познат по својот бенедиктински манастир./МИА

Слични содржини