Евакуирани 20.000 посетители на музички фестивал во Барселона поради пожар

од desk2

Повеќе од 20.000 посетители на музичкиот фестивал „Тумороуленд Јунајт Спејн“ во Барселона се евакуирани синоќа откако пожар изби на главната сцена, јавуваа шпанските медиуми.

Организаторот на настанот на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека пожарот бил предизвикан од петарда што паднала на сцената и ја запалила целата конструкција на бината.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но конструкцијата на сцената целосно изгорела.

Полицијата соопшти дека евакуацијата минала мирно и без паника. Засега нема информации за повредени при инцидентот./Мета

https://www.youtube.com/watch?v=JZJz0InuuGk

Слични содржини