Еве ги деталите за убиството на филмската ѕвезда во стан во Љубљана

од Vladimir Zorba

Познатиот словенечки актер Гашпер Тич беше пронајден убиен во својот стан во центарот на Љубљана, соопштија локалните медиуми.

За убиството е осомничено  20-годишно момче кое е во притвор. Полицијата go  истражува убиството и засега не открива детали

Според неофицијални извори, на кои се повикуваат медиумите убиецот  сам повикал полицијата и го признал убиството. Тој тврдел дека во саботата бил со Тич на геј парадата во Љубљана, по што заминале во неговиот стан. Тич го злоупотребувал, по што момчето го прободело  10 пати со нож.

44-годишниот Тич беше еден од најпознатите актери од помладата генерација во Словенија. Роден е во 1973 година во Копер, актер е од 1991 година и беше претседател на словенечкото друштво на театарските актери.

Слични содржини