Еве што ќе добиете ако сте веган и порачате јадење без месо во Шпанија

од desk2

Сите знаат дека во Шпанија, каде национално јадење е шунка, тешко може да се најде јадење што не содржи месо, дури и салатите одат со дресинг што содржи некој животински продукт.


Сепак, социјалните мрежи полудеа откако две сестри од Велика Британија постираа фотографии од јадењето што како вегани го порачале на шпанскиот Коста дел Сол.

Сестрите Џорџина и Габи Џарвис, од Лидс на северот на Аглија, биле на одмор во Шпанија на Коста дел Сол и решиле да јадат во еден традиционален ресторан каде пишувало дека вегани се добродојдени.

Развеселена што забележала веганска пица на менито, 17-годишната сестра за кусо време се разочарала, кога шефот на кујната објаснил дека таа сепак содржи јајце. Сепак, ветил дека ќе и направи јадење без животински продукти.

Тоа што го добила за јадење нејзината сестра го фотографирала и го ставила на Твитер.
Во тањирот имало грубо исече домат и кругови црвен кромид, а порцијата чинела 7 евра.

Разочарувачкиот оброк погоди во нерв, па за кусо време сликат била лајкувана 61.000 пати, а повеќе од 16.000 ја шерувале.

Слични содржини