Еве што ќе направи најбогатата земја во Европа со бегалците

од Vladimir Zorba

Луксембург дава 12,6 милиони евра за интеграција на мигрантите

begal

Државна организација за помош на Луксембург, која се финансира од приходите на луксембуршката лотарија, обезбеди 12,6 милиони евра за проекти за интеграција на бегалците кои живеат во Луксембург, пренесоа Франс прес .
Во рамките на иницијативата наречена “Заедно”, беа избрани 80 проекти на претставниците на граѓанското општество кои работат за приближување на Луксембург население и бегалците.

Според европскиот план од септември 2015 година Луксембург – најбогатата земја во Европа – се ангажира во следните две години да прифати 433-ца кандидати за азил од Италија и Грција. Според најновите податоци на Европската комисија кон 26 септември од овој механизам за преселување уживаат веќе 124 лица.

Луксембуршкиот влада соопшти вчера за пристигнувањето на група од 25 сириски бегалци (14 возрасни и 11 деца) кои доаѓаат директно од Турција.

 

Слични содржини