Селата Вејце, Бродец, Бозовце, Вешала, Нераште и еден дел од с. Шипковица повторно имаат напојување со електрична енергија. Санирани се електричните столбови кои паднаа како резултат на силното невреме што го зафати тетовскиот регион во текот на кризниот  ден, информира ЕВН Македонија АД.

500rabota-na-dalnovod-520x3

Екипите на ЕВН Македонија во моментот остануваат  терен, а најкритична е околината на с. Шипковица, каде во моментов од вкупно три, под напон се две трафостаници. Како што се расчистуваат патиштата и приодите до енергетските објекти, така се очекува екипите на ЕВН да го отстранат и последниот дефект, и корисниците кои се напојуваат од оваа трафостаница да добијат електрична енергија.

Обилните врнежи и силни ветришта кои го зафатија тетовскиот регион предизвика големи штети на електродистрибутивната мрежа и оставија голем број на корисници привремено без напојување со електрична енергија. Голем број од електричните столбови беа пандати, а каблите искинати. Благодарејќи на напорите на засилените екипи на ЕВН Македонија, оштетената мрежа беше санирана.

Екипите на ЕВН Македонија деноноќно остануваат  на терен и  ќе се работи се додека не се воспостави нормално снабдување со електрична енергија за сите корисници, информираат од компанијата.

Слични содржини