ЕВН Македонија се приклучува на акцијата „Час на планетата Земја“

од Vladimir Zorba

 

ЕВН Македонија соопшти дека со симболично исклучување на електричната енергија од логото на зградата во Скопје и во сите корисничко-енергетски центри низ државата утре од 20:30 до 21:30 часот ќе се приклучи кон глобалната акција „Час на планетата Земја“.

– Годинава, „Час на планетата Земја“ се одржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени – вклучи се во акција, исклучи ги светилките“, што е директно поврзано со енергетската ефикасност и намалувањето на глобалното загадување. ЕВН Македонија е една од компаниите која реализира низа активности за едукација и примена на енергетската ефикасност во Македонија. Во таа насока е и кампањата „Енергетска математика“, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електрична енергија, се наведува во соопштението од компанијата.

„Часот на планетата Земја“ ќе се одбележи и во рамки на кампањата „Енергетска математика“. Преку социјалната мрежа „Фејсбук“ започнува иницијатива за мотивирање на корисниците да праќаат идеи и пораки за активности без употреба на енергија, а најдобрите идеи и пораки ќе добијат симболична награда.

Од компанијата посочуваат дека освен кампањата „Енергетска математика“ се спроведуваат и низа други активности со кои вработените и корисниците се мотивираат да живеат и делуваат во духот на енергетската ефикасност. Покрај ова, ЕВН Македонија спроведува и проекти за заштита на животната средина и природните ресурси, а на своите корисници им ја нуди и услугата Е-фактура, чија цел е да ја намали употребата на хартијата за печатење на месечните фактурии на тој начин да ја заштити животната средина.

– Заштеда на електрична енергија е директен придонес во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени, се вели во соопштението.

Слични содржини