Еврејски центри и училишта во најмалку 11 американски сојузни држави соопштија дека вчера добиле бомбашки закани, соопшти Асоцијацијата на еврејските центри во Северна Америка.

Сите закани се покажале како лажни. Тие биле добиени во Алабама, Делавер, Флорида, Индијана, Мериленд, Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Северна Каролина, Пенсилванија и Вирџинија.

За некои центри тоа било втор или трет пат ова година да наредуваат евакуација.

Асоцијацијата нагласи дека од јануари се регистрирани пет бранови на бомбашки закани против еврејските инстититуции во САД. Таа има податоци за 89 случаи во 30 американски држави и во Канада.

Слични содржини