Еврокомесарот Хан: Очекуваме претседателот Иванов да го даде мандатот за состав на нова Влада

од desk2

Очекуваме Претседателот да го даде мандатот за состав на следната влада на кандидатот од партиите кој има мнозинство во Собранието, а е во согласност со Уставот, се посочува во изјавата на еврокомесарот, Јоханес Хан објавена на сајтот на Европската унија.

– Промените во демократските општества се природни и треба да бидат добредојдени, кога се резултат на кредибилни избори. Прифаќање и почитување на изборните резултати и правото на лидерите да се обидат да формираат влада е знак на зрела демократија. Опструирањето и потценувањето на ваквите напори нема место во еден демократски процес. Затоа очекуваме од сите партии да ги почитуваат демократските принципи и стандарди и да се вклучат конструктивно и да целат кон изнаоѓање на основа за соработување наместо за можности за да се потценат едни со други. Ваквиот пристап ја одведе земјата во криза. Мора да се избегнуваат од сите без разлика дали се работи за власта или опозицијата. И двете, власта и опозицијата имаат улога и релевантност во функционирањето на една демократија и двете можат да ја обликуваат иднината на земјата – се вели во пораката на Хан.

Слични содржини