27-те лидери брзо се договорија за насоките на преговарање, откако за прв пат тие се сретнаа без Велика Британија , откако премиерот Тереза Меј  го активира процесот за “развод” речиси пред еден месец.

Лидерите изјавија дека преговорите за идниот трговски договор со Велика Британија можат да започнат откако Лондон ќе се согласи на условите за “развод” во однос на правата на граѓаните . Тие нагласуваат дека не треба да се дозволи цврста граница меѓу членката на ЕУ Ирска и провинцијата на Велика Британија Северна Ирска.

“Насоките беа донесени едногласно. Цврст и фер мандат за ЕУ ​​со 27-те земји за преговорите за Брекзит е подготвен”, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, набргу откако средбата започна.

Лидерите усвоија насоките, без промени, во рок од една минута , објасни извор од ЕУ.

ДПА прецизира дека насоките бараат фазен пристап, во кој треба  да се постигне доволен напредок по важни теми како правата на граѓаните и финансискиот проблем. Потоа ќе започнат преговорите за евентуално трговски договор.

Како насоки ги вадат како приоритетни  прашања поврзани со правата на граѓаните и постигнување на финансиски договор со Велика Британија . Тие истакнуваат и дека треба да се избегнува цврста граница меѓу Ирска и Северна Ирска.

Во меѓувреме стана јасно дека лидерите од ПЕС постигнале заеднички став за време на преговорите како приоритет да се стават заштитата на правата на граѓаните на ЕУ и Велика Британија. Тие се состанаа за да ги усогласат заеднички став во врска со преговарачките насоки по Брекзит.

Социјалистите се категорични дека прво треба да се заштитат правата на 3-те милиони граѓани на ЕУ кои во моментов живеат во Велика Британија, како и на повеќето од милион Британци, во држави од ЕУ.

Лидерите од ПЕС ќе инсистираат за пристап на две фази . На првата фаза сакаат да се постигне договор за правата на граѓаните и финансиските обврски на двете страни, а дури потоа да се пристапи кон решавање на идните односи со Велика Британија. Тие треба да бидат засновани не само на трговската соработка, но исто така насочени кон клучните области како надворешна политика и борбата против тероризмот