Првите места во крвавата статистика се определени за Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија и Сирија, само 20 проценти од нападите се во Европа.

655-402-atentat

“Што да кажеме за другите земји кои исто така страдаат од тероризам? Дали … светот не се врти околу Европа ”

Со ова прашање на “Твитер” млада девојка потсети дека смртните случаи во светот како резултат на масовни убиства, експлозии и напади се многу повеќе.

Доста од нив сепак остануваат надвор од дофатот на медиумите.

како одговор на прашањето “Индипендент” објави податоци од извештај од кој станува јасно дека над 80 проценти од жртвите при различни напади не се во Европа.

Крвавото рангирање се води од пет држави – Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија и Сирија.

Челното место е за Ирак, каде загинале една третина од сите жртви.
Кажано збирно, во сите овие држави преовладува муслиманското население, а за повеќето од нападите презеле одговорност двете најголеми терористички организации во Истокот – “Исламска држава” и “Боко Харам”.

“Шарл ебдо” излезе со карикатура за белгиските напади

Еве некои од нив:

Февруари 2014-та. Најмалку седум убиени и триесетина повредени како резултат на експлозија на бомба во патнички воз во јужен Пакистан.
655-402-atentati-po-sveta

Декември 2015-та година. Бомбап-самоубиец за “Исламската држава” се разнесе во Багдад и уби 18 лица кои беа на погребот на про-владин борец.
655-402-atentati-po-sveta (1)

Декември 2015-та година. Најмалку 30 лица загинаа во двоен напад на пазар во градот Амавава, североисточна Нигерија. Бомбите биле активирани од терористи самоубијци.
655-402-atentat

Март 2016-та година. Серија напади во Турција загинаа 37 лица, а над 130 беа повредени.

Во 2014 година, само една од 20-те најсериозни терористички напади се случила на територијата на Европа.

Сетете се тука на најмасовните и крвави меѓу нив.

Слични содржини