Европа ќе бара екстрасоларни планети со 26 вселенски телескопи

од desk3

Европската вселенска агенција (ЕСА) објави дека официјално започнува со мисијата PLATO. Нејзината цел е барањето на планети на кои има услови за живот во Вселената.

Барањето ќе се реализира преку 26 телескопи. Тие ќе бидат монтирани на сателит, кој ќе биде изведен во орбитата во 2026 година. НАСА веќе открила илјадници екстра соларни планети, но мисиите TRAPPIST и Kepler можат само да се идентификуваат како потенцијални планети. Покрај тоа, тие се релативно блиску спрема вселенските размери.

PLATO ќе може да набљудува ѕвездени системи на многу поголема далечина. Телескопите ќе можат да го мерат радиусот, масата и возраста на екстра соларните планети кои ќе ги откре. PLATO ќе анализира големи области. На овој начин научниците ќе соберат доволно информации за потенцијалните екстра соларни планети и нивните орбити околу ѕвездите.

 

Слични содржини