Социјалдемкратите на Европскиот парламент го поздравија спроведувањето на договорот од Пржино во неговата прва фаза со назначувањето на специјалниот обвинител Катица Јанева, кој ќе треба да ги процесура  кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на нелегално пресретнати комуникации во Република Македонија. Тие тоа го гледаат како важен елемент на договорот од  15 јули во Скопје, со медијација  од страна на комесарот Хан и тројца пратеници.

tocka-88388

Им честитам на македонските партии за постигнување договор. Назначувањето на обвинителот претставува значаен чекор кон воспоставување на одговорност во државата. Европратениците ќе останат посветени на помагање на земјата за спроведување на договорот и да се оди напред на патот кон целосна интеграција во евро-атланските институции како демократска, просперитетна и мултиетничко општество, каде што се почитува владеењето на правото порача координаторот на пратеничката група Ричар Ховит.

Слични содржини