Европејците годинава повеќе патувале од лани

од desk2

Европејците во првите осум месеци годинава патувале повеќе од лани. Односно, статистиката во оваа категорија бележи зголемување од за 5,5 отсто, а пак, за идната година се предвидува раст од четири отсто, според анализата на „ИПК Интернешнл“.

Во првите осум месеци во Европа оваа година, како што сликовито се вели во извештајот, „процветале и градските патувања“, додека пак летовите од Европа до САД и други подалечни дестинации стагнираат.

– Трендовите на раст на патувањата на Европејците до крајот на август ја надминаа минатогодишната прогноза од околу четири отсто, што ни покажува дека во Европа има високо ниво на доверба во патувањата, изјави претседателот на Управата на ИПК.

Најмногу во странство оделе Полјаците, Холанѓаните и Французите. Сепак, останува впечатокот дека луѓето претпочитаат куси патувања.

Слични содржини