Европската народна партија да го преиспита членството на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Изутринава реагираше претседателот на Социјалистичката група во Европскиот парламент Џани Питела кој вели дека Унгарија и Македонија се непријатни членови на Европската народна партија (ЕНП), пренесува НОВА.

Тој вчера со внимание ги следел “срамните напади врз членови на Парламентот во Скопје” и вели:

“Со најостри зборови го осудуваме насилството кое се случи вчера во Скопје против членови на македонското Собрание.

Тоа е навистина неприфатливо, особено кога тоа го прават хулигани инспирирани од политичката сила која сака да ја води земјата.

По Орбан, ЕНП има нова непријатна членка во своето политичко семесјтво. ЕНП мора да го преиспира членството на ВМРО-ДПМНЕ. Ние изразуваме целосна солидарност со ќртвите од ова политичко насилство и ја потврдуваме нашата поддршка за новиот претседател на Парламентот и новата влада што ја води СДСМ и Заев”, изјави Питела./НОВА

Слични содржини