Европски дипломaт за РИА Новости: За 3 до 4 месеци Македонија влегува во НАТО

од Vladimir Zorba

Прашањето за пристапувањето на Република Македонија кон НАТО може да биде решено за 3-4 месеци. Ова го соопштил европски дипломат за РИА “Новости”. “Има нагло забрзување на преговорите.

За 3-4 месеци планираме да ги завршиме, а тоа значи на есен “, вели дипломатот за агенцијата, цитирана од БГНЕС.

Истиот дипломат и пред тоа тврдел дека Македонија може да се приклучи кон Северноатлантскиот пакт до пролетта 2018 година и дека, властите во Скопје се подготвени да го променат името.

Според дипломатот забрзување на преговорите за членство на Република Македонија се врши по иницијатива на САД.

Потсетуваме дека денеска во Брисел се одржа средба меѓу грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас и меѓународниот посредник за спорот за името на Република Македонија Метју Нимитц.

Имав многу интересна и сериозна средба со Метју Нимиц, кој неодамна беше во посета на Скопје. Тој ме информираше за тамошната политичка клима.

Ова го изјави Коѕиас по разговорите меѓународниот посредник.

“Се согласивме да одржуваме контакт и да бараме начини за започнување на процес во кој ќе биде најдено решение”, рече шефот на грчката дипломатија, кој го информирал посредникот за позицијата на Атина и разговорите кои грчките власти имала со “новата влада на својот северен сосед

На новинарско прашање дали Грција има индикации за добра волја од страна на македонската влада, Коѕијас одговори: “Имаме комуникација”.

Слични содржини