Европски суд на правда: Хамас останува на црната листа на терористички организација

од desk2

Водечкиот европски суд во среда пресуди дека палестинското движење Хамас треба да остане на црната листа на терористички организации која ја воведе ЕУ, враќајќи го на пониска судска инстанца на разгледување.


Судиите на Европскиот суд на правдата (ECJ) го поништија правното мислење на Општиот суд од 2014 година дека ЕУ нема доволно докази да го казни Хамас со забрана за патување и замрзнување средства.

Тој суд пресуди дека сврстувањето на листата било втемелено на медиумските и интернет извештаите место на цврсти правни аргументи.

ECJ соопшти во среда дека одлуката на компетентните власти е барана за почетната листа, додека никакви услови не се поставени за нејзино задржување, пренесува Reuters.

Слични содржини