Преместувањето на европското првенство од Франција не е опција за УЕФА. Ова стана јасно откако поради терористичките напади од 13-ти ноември се појавија шпекулации дека финалниот турнир може да биде во друга држава од безбедносни причини. Во вкупно 9 француски градови треба да се одржат натпреварите од Евро 2016 следното лето.

2E6F86C200000578-0-image-a-1_1447522177723

Од организациониот комитет се категорични дека евентуално преместување на шампионатот ќе значи капитулација пред терористите.

Неговиот шеф Жак Ламберт изјави дека ако Франција се откаже од спроведувањето на првенството, ова ќе значи победа за екстремистите.

“Дури и само тоа дека се коментира евентуално поништување на Европското првенство, е од корист за терористите. Нивото на закана од терористички активности се покачи во јануари, а сега е уште повисоко. Нема причини да мислиме дека ситуацијата ќе беше помалку напната во наредните месеци. Ние сепак ќе ја донесеме потребната одлука за да се обезбеди максимална безбедност за време на шампионатот. Обезбедувањето на стадионите и сега е добро, поопасно е по улиците “, изјави тој за француските медиуми.

При нападите од петок имаше три експлозии, кои беа во близина на “Стад де Франс”, каде се играше пријателскиот натпревар Франција – Германија. Поради опасната ситуација германските репрезентативци останаа да преноќат во 80-илјадниот објект.

“Ќе се преземат многу строги мерки за безбедност, но ние знаеме дека терористите може да удрат во секое време. Одржувањето на европското сега стана уште посериозна грижа за Франција. Јас сепак верувам дека ние ќе се справиме “, објави претседателот на француската фудбалска централа Ноел ле Гре.

Слични содржини