Еврозоната се надева на договор за Грција и покрај несогласувањето со ММФ

од desk3

Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум денеска изјави дека очекува да биде постигнат договор, кој ќе овозможи доделување кредити за Атина, и покрај натамошните несогласувања со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за отпис на грчкиот долг.– Очекувам договор, но тој нема да биде конечен. Секогаш потенциравме дека конечните конкретни решенија околу мерките за отпис на грчкиот долг доаѓаат на крај на програмата за помош на Грција, кој е следната година, истакна Дејселблум, кој е холандски министер за финансии, при пристигнувањето во Брисел на средба со колегите од еврозоната.

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, исто така, нагласи дека очекува „принципиелен договор“, кој во следните недели ќе го отвори патот за исплата на нова транша за Атина.

– ММФ претстави анализа за стабилноста на грчкиот долг, кој не е согласно оценките на европските институции. Треба да се најде решение со ММФ за учество во програмата за помош на Грција, без да ги нарушува сопствените правила, истакна Шојбле.

Слични содржини