Евтин трик за најефикасно бричење на пазувите и нозете

од desk2

Бричењето со брич ќе заврши со мазна кожа само доколку пред самиот процес направите пилинг со оваа неверојатна состојка.

Пред бричењето на нозете, пазувите или кој било друг дел од телото, важно е соодветно да ја подготвите кожата. Испитувањата покажале дека најдобри резултати се постигаат доколку пред депилацијата направите длабински пилинг на кожата со морска сол.

Сигурно повеќето од вас веќе имаат морска сол во својот дом! Таа делува на тој начин што ги отстранува мртвите клетки, ги отвора порите и овозможува едноставни и рамномерни движења со бричот по телото. Со други зборови, овозможува квалитетно отстранување на влакната со долготрајни резултати.

И додека некои тврдат дека доволно е пилингот да се направи еден ден пред бричењето, други се колнат дека подобро е да го направите тоа десеттина минути пред самиот чин додека, сè уште сте под туш. Се препорачува пилингот да се прави со кружни движења од глуждовите кон нагоре./Кафе пауза

Слични содржини