Социјалната мрежа го претстави Facebook M – “гласовен асистент во Messenger, кој е придвижуван од Вештачка интелигенција, обучуван и набљудуван од вистински луѓе”. Facebook M станува директен конкурент на говорните асистенти Cortana, Siri и Google Now. ”

За разлика од другите слични услуги, М може да врши задачи во ваше име. Може да му кажете да купи подарок за близок, а М дури ќе и ќе ја организира испораката. Може да му кажете на М да ви направи резервации за ресторани, за билети и многу друго “, коментира Дејвид Маркус, потпретседател на Facebook и одговорен за Messenger.facebookmessengerm

За сега M ќе остане недостапен за повеќето корисници. Facebook ќе “покани” неколку стотици корисници од областа на Сан Франциско, кои ќе се првите кои ќе го пробаат новиот асистент. Неговите дејства ќе се набљудуваат од вистински луѓе и сите евентуални грешки ќе се коригираат. Целта е да се намали ризикот од погрешни купувања или настапи на задачи кои корисниците ќе му ги дадат на М.

Првично М ќе се потпира на вработените, кои се наречени М Trainers. Самата вештачката интелигенција ќе ја врши комуникацијата со корисниците и ќе поставува прашања за прецизирање. Вработените, пак, ќе треба да ги проверуваат проценките на М и да ги одобруваат или коригираат.1402889556443393169

Со текот на времето пристап до М, кој ќе биде дел од Messenger, ќе добиваат повеќе луѓе.Во еден момент корисниците ќе можат да му дозволат на асистентот да им ја проверува и активноста на Facebook за да може да прави уште поперсонализиранипредлози. Засега таква можност нема да има.

Слични содржини