FACT CHECKING: Дозирана транспарентност !!!

од Vladimir Zorba

 

Повеќе од седумнаесет часа поминаа откако Влада на Република Македонија
ја најави својата 16. седница.
Информација/ соопштение за исходот се уште нема.

Декларативно новата Влада се заложи за транспарентност. Но што говорат фактите:
16 седници до сега – ниту една прес конференција потоа. Неколку соопштенија во кои, меѓу другото, дека се донесени “одлуки во интерес на граѓаните”.
Но можност да се праша кои одуки, за што – немало ниту една.

Соопштенијата се информација, но далеку од транспарентна комуникација со јавноста, бидејќи се само еднострано ширење информации. Значи до сега, само дозирана транспарентност !!!

Сме сведочеле за многу владини седници до долго во ноќта, дури и пропагандни сеанси во незаконски пренос на Собраниски канал. До такви сеанси не сме стасале сега. Но, по 16 седници на новата Влада – досега, за жал, нема разлика.

Што подразбира вистинска транспарентност?
Прво, најмалку редовен и јавно објавен календар на владините седници, па биле и преку ден ако агендата сега е интензивна.
Второ, седница во нормално работно време со задолжителна follow up прес конференција. Без исклучок – по секоја.

Бидејќи нашето право на информација не се исцрпува со читање ферман соопштенија напишани од Вашите служби. Ние имамем право да знаеме, но пред се да прашаме. Ако таа можност ја немаме (а досега ја нема) ја имаме спротивната страна на транспарентноста, а тоа е – пропаганда.

Во очекување на вистинска транспарентност и нов пристап кон јавноста/ медиумите, засега за жал останува констатацијата дека по 16. седници Владата пропушти да покаже дека “има разлика”. Се надевам дека ова не е резултат на самоубиствената идеја за “министерство за вистина”.
Миле – ми текна! Па кај сте со прес!? Нема разлика!!!

Фејсбук статус Боби Христов

п.с. за ефектот од актулната twitter офанзива, во друга прилика. Но, проверката утрово покажа дека акаунтот на Владата има само 5 093 следбеници. Доволен факт за целнонасоченоста на стратегијата !!! И успешноста и импакт факторот, секако !!!

Слични содржини