“Фајненшл тајмс” со алармантна прогноза: Успех на опозицијата може да предизвика период на нестабилност во Бугарија

од Vladimir Zorba

Изборите се одржаа во атмосфера на широко јавно незадоволство од политичката класа во земјата, наведува весникот1478465930-dsc-0084jpg

Поддржан од социјалистите, поранешниот генерал на воздухопловните сили Румен Радев го освои првиот круг од претседателските избори во Бугарија . Овој  успех на опозицијата може да го отвори патот за оставка на Владата на Борисов, предвремени парламентарни избори и период на продолжена политичка нестабилност, пишува британскиот весник. “Фајненшл тајмс “, цитиран од агенциите.

Изборите се одржаа во атмосфера на широко јавно незадоволство од политичката класа во Бугарија, корупцијата и животниот стандард, кој продолжува да биде најнизок во Европа речиси 10 години откако земјата се приклучи на 28-члениот блок, забележува весникот.

Предизборната кампања се фокусира исто врз односите на Бугарија со Русија, наведува “Фајненшл тајмс”. Радев повика на укинување на западните санкции наметнати кон  Москва по анексијата на Крим и нејзиното мешањето  во источна Украина, но рече дека целосно го поддржува членството на Бугарија во ЕУ и НАТО.

Анкетите пред изборите покажуваа дека претседателот на парламентот Цецка Цачева ќе го победи со мала разлика Радев во првиот круг, но ќе загуби од него во вториот круг, потсетува весникот.

Неочекувано силно претставување на Радев во првиот круг изгледа не само што ги  подобрува шансите за конечен победа, но ја зголемува веројатноста за паѓање на владата на премиерот Бојко Борисов, забележува “Фајненшл тајмс”.

Слични содржини