Фалон: Полицијата проверува дали напаѓачот во Лондон бил сам

од Vladimir Zorba

Британската полиција смета дека нападот во Лондон, во кој загинаа четири лица, а околу 40 се повредени, е поврзан со исламиски тероризам, а се проверува и дали напаѓачот имал помош од некој друг, изјави денеска министерот за одбрана Мајкл Фалон.

– Полицијата врши истрага за тој човек, неговите соучесници и од каде пристигнал. Се проверува дали во нападот се вмешани други луѓе. Работната верзија на полицијата е дека инцидентот е поврзан со исламски тероризам, истакна Фалон.

Напаѓачот е идентификуван и им бил познат на британските безбедносни служби, нагласи анонимен британски воен претставник. Тој одби да го открие името на мажот и да соопшти повеќе детали за неговиот идентитет, националност и потекло.

Слични содржини