воз бегалци

НК за КР Гевгелија на 16.11.2015 година поднесе кривична пријава до ОЈО гевгелија против лицата Ќ.С.(44) од Гевгелија, С.В.(19) од Гевгелија и В.М.(22) исто така од Гевгелија поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „Фалсификување исправа“, предвидено и казниво по член 378  од кривичниот законик. Во периодот од 13.08.2015 година до 21.08.2015 година тројцата пријавени успеале да направат лажни јавни исправи-возни билети на Јавно претпријатие „Македонски железниви Транспорт“ Ад Скопје и да ги продадат на лица-мигранти. Ќ.С. бил иницијатор и подучувач на С.В. и В.М. , кои пак биле набавувачи на хартија и копир и изготвувачи на лажните билети. Во наведениот период второ и третопријавениот откако изработиле одреден број на лажни билети секојдневно му ги давале на првопријавениот да ги продава. На 21.08.2015 година тие ги уништиле трагите и предметите со кои е извршено кривичното дело.

Старец прегази старец со трактор, гевгеличанец ги истепал жена си и ќерка си, фатени дрвокрадци…

Слични содржини