policija-noke-520x358

На 27.05.2016 година околу 23,40 часот на магистралниот пат Свети Николе-Куманово случена била сообраќајна незгода во која ПМВ„Опел Кадет“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Горан Д.(55), во кое сопатници биле неговите браќа С.Д.(53) и Н.Д.(38), од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удирил во четири возила кои биле пакирани во близина на ресторан. Тројцата биле префрлени во ОБ-Куманово каде од страна на лекар кај Горан Д. констатирана била смрт. С.Д. се здобил со тешки телесни повреди кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во КЦ-Скопје, а Н.Д. се здобил со телесни повреди. По наредба на Ј.О телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицата Е.Р. (29) и Б.Џ. (27), двајцата од с.Врбјани, општина Маврово Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавените на 25.03.2016 година од помошна штала лоцирана на м.в. Јаворица, атар на Гевгелија, одзеле три расни коњи, две моторни пили и три самари.

НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Д. (60) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. Пријавениот на 10.09.2015 година извршил превоз на патници-мигранти во внатрешниот патен сообраќај на релација Гевгелија-ГП Табановце со ПМВ „Фолксваген пасат“, сопственост на такси компанија од Гевгелија. Пријавениот го извршил превозот без да поседува лиценца за вршење општински превоз на патници во внатрешниот сообраќај-автотакси превоз на патници, издадена од општина Гевгелија.

РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против лицето Д.С. (30) од Врање, Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 18.05.2016 година, во реонот на с.Удово, полициски службеници пронашле 24 лица-мигранти во ТМВ „Фиат дукато“, управувано од пријавениот. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето Р.Б. (76) од с.Свидовица поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 16.05.2016 околу 05.30 часот пријавениот, по претходна вербална расправија, со чекан ја удрил својата сопруга, по што и физички ја нападнал, нанесувајќи и видливи телесни повреди.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода М.Ф.(36) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година и десет месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Истиот е спроведен во ПС Гази Баба за понатамошна постапка.

Слични содржини