За напаѓач е дефиниран   51-годишниот Франц Врузис. Тој е бездомник и бил уапсен во Талвил, јужно од Цирих.

 Потсетуваме дека  во нападот со моторна пила во Шафхаузен настрадаа 5 лица, од кои двајца беа повредени сериозно . Нападот беше во понеделник, 24 јули.

По чинот напаѓачот успеа да избега, а за неговото апсење работеа над 100 полицајци во Швајцарија.