Граничарите во Босна и Херцеговина ја уапсија прогласената за балканска кралица на кокаинот, Мирела Хасанович. 32-годишната хрватска државјанка се бара од страна на италијанската полиција и е пуштена потерница во Интерпол, како дел од банда за трговија со дрога, објави српскиот “Блиц”.20150226.uchfqliwiz

Хасанович била уапсена на преминот “Градина” при обид да влезе од Босна и Херцеговина во Хрватска. Заедно со неа се фатени опојни супстанции во вредност од околу 3 милиони евра.

Според италијанската полиција, Хасанович е координатор на курири во голема наркобанда. Во 2011 година била приведена во рамките на операцијата “Јадранот” заедно со своето момче Фабио Корона и уште петмина други осомничени. По ослободувањето од притвор се криела во земји од поранешна Југославија, користејќи лажен идентитет. Акцијата од 2011 година открила канал за шверц на дрога од Северна Европа, најмногу Холандија, Италија. Дрогата била криена во кутии за храна за мачки. Приведени се 19 лица.Италијанците се задоволни од резултатот, бидејќи групата на Хасанович претставува сериозна конкуренција за Ндрагета, која го држи монополот за трговија со кокаин во регионот на Абруцо.

Слични содржини