lisici-uapsen
ПС-ОН Крушево поднесе кривична пријава против О.Ф. (30) поради постоење основи на сомнение за сторено криивчно дело „кражба“. На 17.04.2016 година во 14.10 часот во с.Кривогаштани, во кругот на пекара, полициски службеници го затекнале пријавениот како растовара 1,10 метри кубни бесправно присвоени огревни дрва од товарно моторно возило „Пежо“, додека пак 3,5 метри кубни огревни дрва во кругот на пекарата пријавениот му ги продал на сопственикот на пекарата.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.А. (47), М.С. (38) и К.К. (19), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 19.04.2016 година, на м.в. „Голешница“, атар на с. Челопек-Старо Нагоричане ,пријавените незаконски исекле 13 дабови стебла.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р. (18) и петнаесетгодишник, двајцата од с. Слупчане-општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.04.2016 година, во Куманово на ул. „11-ти Октомври“, по претходна расправија, пријавените физички ги нападнале Љ.Ш. и С.А., двајцата од с. Оризаре, удирајќи ги со тупаници, а на С.А. со нож му нанеле расекотина во пределот на главата.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј. (20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 03.05.2016 година во Куманово, додека полициски службеници биле на службена должност поради пријавена поплака против пријавениот, истиот агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник удирајќи го во пределот на телото.

ПС Берово поднесе Посебен извештај против А.Л.(61) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, вработен како референт за прием, дотур и превоз на дрвна маса од приватни шуми во ЈП „Македонски шуми“ – ПШС „Малешево“ Берово, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на тој начин што во три наврати постапил спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечено дрво од државниот инспекторат за шумарство и ловство, како и спротивно од Законот за шуми, без да изврши проверка дали се исечени означените стебла за сеча. Во три наврати, извршил жигосување и издал испратници за превоз на вкупно 20,10 метри кубни борова дрвна маса од парцела во с.Двориште – Берово, иако дрвната маса не потекнувала од наведената катастерска парцела, односно истата била исечена од друга парцела, со што овозможил на три лица да се стекнат со протвправна имотна корист од вкупно 185. 646 денари.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.А. (26) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 15.04.2016 година во Неготино полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот каде е пронајдено 20,79 грама наркотична дрога марихуана, а на 22.05.2016 година при извршен преглед во патничко возило, управувано од Д.В. од с. Пепелиште, во кое бил и пријавениот, пронајдени и одземени се 45,23 грама наркотична дрога марихуана.

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против М.Н. (24) од Неготино, Д.С. (24) од Свети Николе, Д.А. (23) од Гевгелија и Д.А. (31) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.11.2015 година, во Неготино, М.Н. извршил продажба на 55 екстази на Д.С., кој се јавува како посредник и организатор на продажбата помеѓу М.Н. и Д.А. (23). Д.С. задржал за себе седум таблети, а останатите 48 таблети му ги дал на Д.А. (23), додека пак Д.А. (31) извршил превоз на Д.С. и Д.А. до Неготино овозможувајќи да се изврши купопродажбата на екстазите. Исто така при извршен преглед над Д.А.(31) пронајдена е 0,23 грама наркотична дрога марихуана.

СВР Штип поднесе кривични пријави против угостителските објекти кафе бар ,,Дома” и дискотека ,,Ајс” и одговорни лица во правните субјекти поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела ,,точење алкохолни пијалоци на малолетни лица”. При спроведена акциска контрола на угостителските објекти на 23.04.2016 година биле затекнати вкупно 13 малолетни лица послужени со алкохолни пијалоци од кои 7 во кафе бар ,,Дома” и 6 во дискотека ,,Ајс”.

ПС Берово, во рамки на ОА ,,Гора“ поднесе кривична пријава против лицето В.Д. (63) од Берово поради постоење основи на сомнeние за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот од шума, сопственост на Д.П. од Берово, на м.в.„Колачина“ атар на Берово, со моторна пила, противправно извршил пресекување на осум стебла црн бор кои не биле означени.

ПС Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.М. (29) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавениот на 10.05.2016 година, на Градскиот пазар во Свети Николе, започнал грубо да го навредува Д.С. (67) од Свети Николе, по што и физички го нападнал туркајќи го на асфалтот, при што Д.С. се здобил со телесни повреди.

Слични содржини