droga1

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Р.И.(43) од Прилеп, за сторено кривичнно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Од страна на полициски службеници извршен е преглед над лицето А.С., кој во моментот излегол од домот на пријавениот на ул. „Цане Коњарец“ во Прилеп, и кај него се  пронајдени 0,34 грама наркотична дрога-хероин. Од извршен разговор со А.С.е утврдено дека дрогата ја купил од пријавениот.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Б.К.(27) од Прилеп, за сторено кривичнно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 12.08.2015 година, во Прилеп на ул. „Кораб“ од страна на полициски службеници извршен е преглед над С.М. кај кого се пронајдени 1,5 грама наркотична дрога-марихуана.  Извршен е разговор со С.М. и е утврдено дека дрогата ја купил од пријавениот за сума од 1.000 денари.

Ограбена спортска обложувалница “без име”

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.(41) од Куманово, за сторено кривичнно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 29.10.2015 година, околу 15.20 часот, од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот на ул. „Коста Абрашевиќ“ во Куманово, каде се пронајдени 1,46 грама наркотична дрога-кокаин и 440 грама креатин-аминокиселина.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(30) од Тетово, за сторено кривичнно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 29.01.2015 година, околу 21.00 часот на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово од страна на полициски службеници бил забележан пријавениот и од извршен преглед, кај истиот се пронајдени 0,23 грама наркотична дрога-хашиш.

НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против М.Б.(35) од Гевгелија, за сторено кривичнно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во текот на јули 2015 година, од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот на ул. „Маршал Тито“ во Богданци, каде се пронајдени три саксии во кои биле засадени три растенија „канабис сатива“.

НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Г.(31) од Валандово, за сторено кривично дело „овозможување и употреба на наркотична дрога“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавениот, на 24.07.2015 година, околу 22.10 часот, во Стар Дојран во паркот кај општинската зграда на неколку лица им овозможил употреба на наркотична дрога, а од преземени мерки на лице место се пронајдени три хартиени пакувања со 0,13 грама мешавина од тутун, хашиш и марихуана.

Слични содржини