Откриени лицата кои го извршија нападот со спреј во средното учичиште Аресени Јовков. МВР ќе поднесе кривични пријави против три лица за предизвикување на општа опасност.- јави Ал сат.

214768

Кривичните ќе бидат против дваесетгодишниот Н. Џ. кој го донел спрејот во училиштето, против 16 годишниот А. Т кој е ученик во училиштетот во втора година и против седуманесетгодишниот А. К.

Вториве двајца прскале со спрејот. Инаку, инцидентот во училиштето се случи пред два дена, по што четириесетина ученици и еден наставник завршија на Клиниката за токсикологија со симптоми на кашлање и солзење на очите. Тие вчера беа пуштени од болницата на домашно лекување. Уште не се знае мотивот за нападот со спреј.

 

Извор: Ал сат.

Слични содржини