makedonska-policija

На 23.11.2015 година во 18.30 часот во ПО-Маврово, Д.М., вработен во ЈУНП-Маврово, пријавил дека околу 17.40 часот во атар на с.Леуново во Мавровоското Езеро имало обид за незаконит риболов. Од вработените шумо-лово-рибо чувари Д.С. и Т.Н. тој бил известен дека при вршење контрола околу езерото биле забележани лицата В.М. и Б.Б. од с.Леуново, како со чамец се движеле во Мавровското Езеро. Во еден момент лицата фрлиле мрежи за ловење риби. Од страна на чуварите, на лицата кои со чамецот дошле до брегот на езерото, им кажале да го остават чамецот по што лицата В.М. и Б.Б заминале. За настанот, чуварите го известиле пријавителот Д.М. кој со лицето Р.Ш., со чамец се упатиле на местото каде се фрлени мрежите, при што извадиле една мрежа во која имало улов околу 30 риби.

Спасовски: Полицијата е готова за расветлување на кумановските настани

На 24.11.2015 година околу 11.50 часот во Тетово на ул.„Видое Смилевски-Бато“ се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби пешакот Ј.Ѓ.(57) од Тетово. Имено, С.А.(48) од Тетово, управувајќи ТМВ „Мерцедес“ , удрил во Ј.Ѓ. С.А. со друго возило го пренел Ј.Ѓ. во КБ–Тетово, каде што по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.

На 24.11.2015 година околу 17.45 часот во Куманово на локалниот пат во с.Сопот, се случила сообраќајна незгода во која еден пешак загинал и уште еден се здобил со телесни повреди. Имено, С.Џ.(46) од с.Арачиново-Скопје, паркирал ТМВ„Мерцедес“ поради утовар на роба и излегол. Во еден момент возилото само се придвижило и со предниот дел удрило во пешаците Х.С.(35) и деветгодишно машко лице, двајцата од с.Сопот. По незгодата, пешаците биле пренесени во МЦ-Куманово, каде од страна на доктор кај деветгодишното лице е констатирана смрт, додека пешакот Х.С. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

На 24.11.2015 година, во 07.45 часот, во Скопје во дворот од ДСУ „Панче Караѓозов“ поради меѓусебно нетрпение Ш.М.(18) физички бил нападнат од пет непознати лица, сите ученици во наведеното училиште, по што му нанеле видливи повреди во пределот на главата.

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против В.А.(47) од Гостивар, директор на ПШС „Шар“-Гостивар, С.П.(40), раководител на ПШС „Шар“-Гостивар и И.И.(56), шеф на службата за финансиски работи во ПШС „Шар“-Гостивар, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавените, во текот на 2007 и 2012 година, спротивно на закон без согласност и овластување на директорот на ЈП „Македонски Шуми“ склучиле и потпишале пет анекс договори за сеча, дотур и превоз на дрвни сортименти со шест приватни правни лица, потоа С.П. незаконски склучил договор за вработување на И.И., назначувајќи го како заменик раководител на подружницата и шеф на службата за финансиско работење. И.И.несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и спротивно на закон вршел преправки на фактурите, цената, книжењето во сметководство, изготвувал фактури со исти броеви и др. На овој начин, пријавените го оштетиле Јавното претпријатие во вкупен износ од 4.550.140,50 денари.

Слични содржини