„Македонија им дозволува влез во земјата само уште на Сиријците, Авганистанците и Ирачаните. Сите други ги одбива. Но, како може да се одреди потеклото на некој мигрант?“ се прашува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЦ) во текстот со наслов „Официјален молк“. Во опширниот прилог станува збор и за поставувањето ограда на македонско-грчката граница и во тој контекст се вели: „Организациите за човекови права и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун искажаа критика за постапката на Македонија, оти владата поставувањето ограда го поврза и со нова политика за влегување во земјата. (…) Македонската влада досега не се изјасни за тоа дали таквиот однос спрема луѓето без документи (на кои исто така не им дозволува да влезат во земјата – н.з.) е нејзина официјална политичка линија.“

0,,17273372_303,00

Во текстот се вели дека во импровизиран логор од шатори на грчка страна се наоѓаат околу илјада Иранци, Пакистанци, луѓе од Бангладеш и други мигранти. „Според непотврдени информации, мигранти и бегалци, кои можат да си го дозволат тоа, веќе користат услуги на шверцери на луѓе, кои ги носат во Македонија заобиколувајќи ги граничните премини и оградата, и оттаму ги носат на границата кон Србија“.

НАТО утре нема да одлучува само за Црна Гора, туку и за Македонија, БиХ и Грузија

Авторот на прилогот Михаел Мартенс констатира: „Севкупно македонските власти се подобро организирани отколку летоска, кога на границата се случуваа сцени на безредија. Навистина, на мигрантите се’ уште не им се земаат отпечатоци од прстите оти економски слабата балканска држава во моментов нема доволно апарати за тоа. Сепак регистрацијата сега се одвива побрзо и понепроблематично отколку во текот на летото. (…) Оние кои беа вратени од границата, навистина, можеа да побараат политички азил во Грција, но мнозинството од нив јасно кажуваат дека во секој случај сакаат да одат во Германија или други држави на северозападот на Европа. Промената на македонската политика временски се совпаѓа со разговорите што шефот на македонската влада Груевски ги водеше со унгарскиот колега по функција Виктор Орбан кон средината на ноември во Будимпешта. Македонската државна новинска агенција МИА во врска со тоа пишуваше дека премиерите биле согласни оти ’решението на европските земји, да ги затворат границите за оние кои не доаѓаат од држави опустошени од војна, бара нова стратегија во односот спрема најновиот развој‘. Што значи таа реченица, може да се види сега на македонско-грчката граница“, се вели на крајот од прилогот во ФАЦ. ‘

Повеќе ТУКА

Слични содржини