Почетна / TOP NEWS / Федерер го освои Вимблдон без загубен сет

Федерер го освои Вимблдон без загубен сет

Швајцарскиот ас Роџер Федерер е „кралот“ на Вимблдон. На надмоќен начин стигна до својот осми, рекорден, трофеј на терените на Ол Инганд клубот во Лондон, совладувајќи го Хрватот Марин Чилиќ со 3-0 во сетови (6-3, 6-1, 6-4). Во своето 11.финале, Федерер стигна до осмата победа, а за каква тениска машина се работи доволно говори фактот дека не загуби ниту еден единствен сет во текот на целиот турнир.

Ги нанижа сите…Долгополов предаде по еден сет во првото коло, а потоа со 3-0 во сетови губеа од Федерер и Душан Лајовиќ, Миша Зверев, Григор Димитров, Милош Раонич, Томаш Бердих, и во финалето, Марин Чилиќ.

Швајцарецот уште од самиот старт најави дека е расположен за игра, да го освои историскиот 19. наслов на гранслем турнирите. Го доби првиот сет со 6-3. Марин Чилиќ имаше здравствени проблеми, во еден дел од мечот беше и во солзи, но продолжи да игра, но не можеше да даде силен отпор. Вториот сет Федерер го доби со 6-1, а во третиот исто така не дозволи грешка и го комплетираше со 6-4./ekipa