Федерер преку Бугаринот Димитров до титулата во Ротердам

од Vladimir Zorba

Швајцарецот Роџер Федерер се покажа преголем залак за Григор Димитров и ветеранот постигна лесна победа над Бугаринот во финалето на турнирот во Ротердам по 6:2, 6:2.

На овој начин Маестро го освои трофејот на турнирот од ATP 500 и ја запиша седмата победа над Димитров од вкупно толку натпревари меѓу двајцата.

Со триумф на холандска земја, Швајцарецот завршува една совршена недела за него, откако само пред неколку дена тој официјално се врати на првото место во ранглистата.

Ова искачување практично го запишува неговото име во книгата на тениски рекорди како најстар тенисер кој се искачил на највисоката позиција.

Во првиот сет Маестро беше едноставно совршен и стигна до брејк во петтиот и седмиот гем, откако со леснотија ги освои сите поени и не му се наложи да спасува ниту еден поен за брејк.

Во вториот сет ситуацијата беше слична и Димитров губеше со брејк уште по првиот гем, а потоа Маестро достигна и до ист таков во петтиот гем.

Слични содржини