Вториот носител на турнирот во Индијан Велс Рожер Федерер успеа да се пласира во полуфиналето откако го победи во четвртфиналето Томаш Бердих. Во двата сета Федерер загуби само четири гема и мечот го заврши со убедливи 6:4 и 6:0 во гемови.

images
Во вториот меч од денешната програма односно во последниот четвртфинален дуел Рафаел Надал ќе игра против Милош Раониќ.
Во првото полуфинале утре ќе играат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, додека кај жените вечерва после полноќ во полуфиналните мечеви ќе играат: Јелена Јанковиќ против Сабине Лисицки и Серена Вилијамс против Симона Халеп./МИА

Слични содржини