Facebook заврши со работата на својот прв дрон за дистрибуција на интернет конекција над оддалечените области. Дронот Aquila беше претставен минатата година, но сега веќе е готов за летови.zx450y250_2582929

Дронот има распон на крилата колку Boeing 737. Тој е покриен со соларни панели и е именуван на орелот кој му ги носел громовите на Зевс во грчката митологија. Aquila ќе е дел од проектот на Facebook Internet.org и ќе обезбедува врска со глобалната мрежа за луѓе кои немаат пристап до неа поради географски, физички или политички причини. Според Марк Зукерберг тоа се околу 10% од светското население.

Aquila тежи 400 кг. и ќе лета на височини меѓу 18 километри и 24 километри. Тој ќе мора да опстои на небото до 90 дена. Флотилата ќе може да комуницира со друг преку ласерски систем, за да обезбедува рамномерна покриеност над целиот регион, над кој лета. Еден дрон ќе може да обезбедува интернет пристап во радиус од околу 80 километри. Дроните ќе се креваат до 30-тина километри височина преку балони. Потоа ќе бидат “ослободувани” и ќе тргнат на својот пат самостојно. Ноќе, кога батериите не се полнат, дронот ќе користи минимална енергија за летањето, колку да одржува висина од 18 километри. Во текот на денот ќе се издига до максималната висина и циклусот ќе се повторува на секои 24 часа. Кога ќе дојде време за слетување, тоа се случува на принципот на безмоторните авиони.

Плановите на Facebook се да ги започне првите тестови на Aquila во рамките на следните два месеци. Најверојатно тоа ќе се случи на територијата на САД. Facebook планира да ги развие дроновите, но не и да ги оперира независно. Компанијата сака да соработува со телекеми и влади, за да може да ги користи дроновите без проблеми.

Слични содржини