Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб заедно против тероризмот

од Vladimir Zorba

 

Технолошките компании одлучија да преземат заедничка акција против терористичките пропаганди на Интернет, па така Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб ќе ги здружат силите со цел, од почетокот на 2017 година, побрзо да идентификуваат таков вид на пропаганда и да го спречат нејзиното ширење по мрежите. internet-teror

Цел на заедничката нова програма е воспоставување на база на подотоци за единствени дигитални „отисоци на прсти“, односно карактеристични компоненти, со цел автоматски да се идентификуваат видеа или фотографии кои овие компании потоа можат да ги отстранат.

Во рамките на новото партнерство, компаниите ветија дека меѓу себе ќе разменуваат карактеристични компоненти на „најекстремни и најгрозоморни терористички фотографии и видеа“, кои ќе ги отстранат од нивниот сервис, односно содржина која не соодветствува со нивната политика.

Се очекува новата акција на технолошките компании да влезе во пракса кон почетокот на 2017 година, со цел да се намали загриженоста на владите поради содржините на социјалните мрежи за кои се смета дека се повеќе го поттикнуваат регрутирањето и радикализирањето на терористите.

Слични содржини