Фелаини го засилува Ливерпул!?

од Vladimir Zorba

Халфот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини е на пат да му забие „нож во грб“ на својот клуб, откако постои голема веројатност во лето да премине во големиот непријател Ливерпул, тврдат медиумите на Островот.

Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува и нема да биде обновен, а Јирген Клоп веднаш реагирал и контактирал со играчот од средниот ред.

Тимот од Мерсисајд му понудил тригодишен договор и веројатноста да се дојде до договор е прилично голема.

Сепак, постојат многу други опции, меѓу кои и Кина, турски Бешикташ и француските ПСЖ и Монако.

Се очекува дека за неколку недели тој ќе го направи својот конечен избор за нов тим.

Слични содржини