Фелпс: го изгубив интересот за пливање!

од desk3

Легендата Мајкл Фелпс нема желба да се врати во пливањето како натпреварувач, но за сметка на тоа сака да им помогне на младите американски таленти да го развијат својот потенцијал и да го достигнат врвот во спортот.

32-годишниот Фелпс, кој во моментов очекува второ дете, еднаш веќе се врати во базенот, откако го објави крајот на кариерата, но нема намера да го направи тоа по втор пат .

Тој се повлече од спортот по Олимпијадата во Лондон 2012, но 20 месеци подоцна ја обнови својата кариера, а на Игрите во Рио де Жанеиро минатата година Фелпс додаде уште 5 златни и 1 сребрен медал кон богатата колекција која вклучува рекордни 23 олимписки наслови. Неговата сопруга Никол во моментов е бремена во четврти месец, а двојката веќе има 16-месечен син.

“Навистина овој пат немам желба да се вратам. Искрено слични мисли ми минуваа низ главата пред Светското првенство во Будимпешта, но сакав да видам како ќе се чувствувам кога го гледам овој голем форум отстрани.Само очигледно веќе сум изгубил интерес да се натпреварувам повторно “, коментира Фелпс.

Слични содржини